Виц на Денот

Дегустаторот во една фабрика за вино починал па затоа компанијата решила да вработи нов дегустатор. На огласот за работа се пријавил еден тежок пијаница со искинати и нечисти алишта.
Директорот на кадрово размислувал како да го избрка, па решил да го истестира неговото познавање за вината очекувајќи дека нема да може ниту бело од црвено вино да разликува.

Му дал чаша со пијалак.

„Ова е мускат, 3 години стар, созреан во метални буриња.”

„Точно!” – рекол директорот.

Му дал и втора чаша.

„Ова е црвено вино, кабернет, старо 8 години, чувано во дабови буриња.”

„Точно” – рекол директорот вчудоневидено, давајќи и знак на секретарката. Таа донела чаша урина.

Пијаницата ја пробал и рекол:

„Плавуша, 26 години, бремена во трети месец. И ако не ми ја дадеш работата ќе кажам и чие е детето!”

Ексклузивно за www.vinotika.mk, Витезот на шегата, Златко Вузевски – Пајата …….

________________________________________________________________________

Оде Блажо кај попот, и му вика:
—Попе, вчера кај тебе беше моа Мара да се исповеда, че ми кајш ли дали ме изневеруе…..
—Блажо,знајш дека тоа е тајна и не можам да ти кажам, смири се и оди дома, само пази каа че излеваш да не кутниш некоа икона со роговите…..

Ексклузивно за www.vinotika.mk, Витезот на шегата, Златко Вузевски – Пајата …….

________________________________________________________________________

Мара разбрала дека Блажо а иневеруе со некоа негова колешка, и вечерта касното си иде, влева м’чечки у спалната, го крева јорганот и гледа четири нози, зимање бејзбол палката,
Здраво маање преку јорган и прекривач кај че и дојде….
Изморена а маа палката, оде у кујната, си тура ракија, а у тоа време, излева Блажо од нужникот, и и вика;
—Мариче, дојдоа татко ти и мајка ти на гости, ја му посла у спалната, оди поздрави се….

Ексклузивно за www.vinotika.mk, Витезот на шегата, Златко Вузевски – Пајата …….

________________________________________________________________________

Блажо влева у кафен’то, и а прашуе келнерката:
—Срцка, убава ли ти е домашната ракија…
—Каа мене е убава….
Блажо а гледа, и вика:
—Дај едно вино….

Ексклузивно за www.vinotika.mk, Витезот на шегата, Златко Вузевски – Пајата …….

________________________________________________________________________

 

Блажо живеел у село, и една ден на неговата врата тропнуе Љубо комшијата, му отвара Цецето, и го прашуе;
—Добар ден чи Љубе, шо се измачи……
—Добар ден Цеце, дома ли е татко ти…
—Не е, чи Љубе, замина на пазар у Кавадарци…
—Аха, а брат ти Пер’то, дома ли е….
—Не, и он е со тате…..
Виа почнал да се вртка, Цецето го гледа дека нешто му е незгодно, и му вика;
—Море чи Љубе, кажи ако ти требе нешто од тоа алат’те на тате, знам кај стоат, че ти дадам……
—Не ми требе алат Цеце, ми требе татко ти, да напраам муабет у врска со брат ти Пере,
Како да ти кажам, он и направил дете на мојта ќерка Лила…
Цецето го гледа збунето, и му вика;
—Е за тоа че го почекаш тате да се врате, ја знам дека за бикот зима 50 Евра, за крмнакот 30 Евра, е за Пер’то не знам колку че ти земе…..

Ексклузивно за www.vinotika.mk, Витезот на шегата, Златко Вузевски – Пајата …….

________________________________________________________________________

Го застануе Блажо цајкан и му вика:
– Добар ден, Ве молам лична карта…
– Немам нова извадено…
– Добро, а старта каде е?
– Старата е дома, јанија прае…

Ексклузивно за www.vinotika.mk, Витезот на шегата, Златко Вузевски – Пајата …….

________________________________________________________________________

Добар ден господине, може ли една кратка анкета?
Може, како не!
Кој интернет го користите, и дали сте задоволни?
Комшијскиот, и ногу сме задоволни!

Ексклузивно за www.vinotika.mk, Витезот на шегата, Златко Вузевски – Пајата …….

________________________________________________________________________

Блажо гледа ТВ и вика:
– Нее… Не го прај тоа бе… Речи нее, бре торко…
Излева Мара од кујната и го прашуе:
– Блажо бре, шо глеаш волку шо се дериш?
– А глеам нашта свадба.

Ексклузивно за www.vinotika.mk, Витезот на шегата, Златко Вузевски – Пајата …….

_________________________________________________________________________

Флева Блажо у бурекџилница, купуе бурек и го прашуе бурекџијата:
-Мајсторе, да те прашам неш бре?
-Кажи бре дете.
-Кај го чуваш меленто месо?
-У фриждерот бре дете.
-Ами можело малку и у воа бурекот да ставиш.

Ексклузивно за www.vinotika.mk, Витезот на шегата, Златко Вузевски – Пајата …….

_______________________________________________________________________

Блажо насликал слика и а однел у Музеј галеријата…

Директорот му вика:

Убава е, ме бендисуе, како се вика сликата?

Блажо у Ресава…

А коа е ваа голта жена на сликта?

Мара…

А воа голто машко до неа?

Нацо…

Ами дека е Блажо?

Ми ти реку, у Ресава…

Ексклузивно за www.vinotika.mk, Витезот на шегата, Златко Вузевски – Пајата …….

______________________________________________________________________

Влева дома Блажо пијан, и и се дере на Мара:

Кој е газда у ваа куќа мори?

Мара му залепуе една жешка шлапаница опачички, а он вика:

Добро бе даа, не е човек да пита…

Ексклузивно за www.vinotika.mk, Витезот на шегата, Златко Вузевски – Пајата …….

______________________________________________________________________

Умира Циго и оде кај Св. Петар, и виа му вика;
—Ти беше поштен тип, и сеа бирај Рај или Пекол….
—А Ѓерманија нема а…

Ексклузивно за www.vinotika.mk, Витезот на шегата, Златко Вузевски – Пајата …….

________________________________________________________________________

Си праат муабет Блажо и Нацо.
– Синоќа дома крадец ни влези…
– И шо се деси?
– Шо може, у болница е типот, три заба скршени, две ребра пукнати и нема да му се дига две недели.
– Аууу, шо си му направил бе?
= Не ја бре, Мара. Мислела дека си идам пијан у никое време.

Ексклузивно за www.vinotika.mk, Витезот на шегата, Златко Вузевски – Пајата …….

_________________________________________________________________________

Блажо сече дрва горе у Чемерско у шумата и гледа патрола на Шумска полиција.

Виа го прашуат: – Знајш ли Блажо кој сме ни, а?

– Ами, ако иам среќа, од Скриена Камера

Ексклузивно за www.vinotika.mk, Витезот на шегата, Златко Вузевски – Пајата …….

__________________________________________________________________________

Се ближе на Мара роденденот, и го прашуе Блажо; —Блажо, шо че ми купиш за роденденот… —За другиот роденден, че ти купам златни обецки… —За другиот, море за виа роденден шо че ми купиш… —Ее, за виа роденден, че и дупниме ушите… Ексклузивно за www.vinotika.mk, Витезот на шегата, Златко Вузевски – Пајата …….