Црвеното вино е афродизијак за жените

Научниците заклучиле дека нивото на сексуални желби е поголемо кај жените кои умерено пијат црвено вино, отколку кај оние кои пијат некој друг алкохол. Италијанските научници од универзитетот во Фиренца, кои го спровеле истражувањето, велат дека хемискиот состав на црвеното вино може да ги зголеми сексуалните желби зголемувајќи го дотокот на крв во клучните делови на телото.

Од 800 жени кои учествувале во истражувањето ниту една немала сексуални проблеми. Ги ставиле во три групи и тоа во првата оние кои конзумираат една до две чаши црвено вино во денот, во втората оние кои пијат друг алкохол и во третата оние кои воопшто не пијат. Резултатите покажале дека најголеми сексуални желби имаат оние кои пијат вино, и покрај тоа што се повозрасни од останатите.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *