Уредник на винотика.мк: Крчмарот

Добредојдовте пријатели во нашата крчма. Вие на минување, а јас осуден клучар од тешките порти на времето. Јас сум Вашиот домаќин, крчмарот. Винотика.мк е мојот втор дом, а вие моите најдобри муштерии. Јас вино точам, а вино не пијам. Мојата мисија е да бележам се што ќе слушнам. А овде се слушаат најубавите вински приказни кои јас ги собирам како умотворенија, како бисери од зрели гроздови, и ќе ги понудам на гостите тогаш кога тие се најубави… како мелем.

Сите емоции вријат и ферментираат како искуства кај боемот, дамата сомелиер, витезот на шегата и нашата винска тајфа, а јас, ја само ќе Ви ја пренесам таа страст, тоа пијано танго кое трае до долго во ноќите и се памети со денови…

Во крчмата свраќаат редовно и лозарите, винарите, поднапиени туѓунци и странци, а ние, ние само точиме од домашните големи и мали винарии, ги фалиме нашите вина пред светот, ги слушаме и туѓинците со нивните вински преданија и приказни. Со гордост се фалиме, без срам за нашите успеси, достигнувања и награди.

Се надеваме дека ќе останете наши гости и редовни муштерии, и по секоја нова тура од информации, редовно ќе навраќате кај нас на уште по една…

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *