Боемот: Душко Стефанов

Уметник сум, или само така си мислам за самиот себе… уметник кој живее безгрижен живот. Боемите го минуваме денот по кафеани, крчми и гостилници. Секогаш и секаде сме добредојдени гости. Мојот еснаф има душа, има се што немаат другите. После неколку здравици мудруваме, песни и поезија пишуваме, патуваме… будни, онака низ времињата… чудни.
Секојдневно овде присутни, немирни и во потрага по нови уметнички форми. Лошото брзо го забораваме, убавото и доброто вечно го паметиме. Јас сум среќен кога Вие со внимание ги слушате и цитирате моите боемски текстови. Живеам овде и сега, живеам за Вашиот аплауз и уште еден бокал црвено вино.
Јас сум патник низ времето, боем и сведок на се што е вредно во оваа наша вечна Македонија… На здравје!!!

10155506_10202564898762018_2286695643905697934_n

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *