„Тиквеш“ планира поголема добивка во 2016 година

Главните определби на винарската визба „Тиквеш“ за 2016-та година се: зацврстување на регионалната лидерска позиција и силна географска експанзија, иновации и развој на портфолиото на брендови и регрутација и развој на човечки потенцијали на сите пазари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Меѓу клучните комерцијални цели, на домашниот пазар планиран е понатамошен развој на продажната сила и интензивирање на соработката со постоечките дистрибутери. На пазарите надвор од Македонија во план е и развој на нови продажни модели што ќе обезбедат унапредување на продажните резултати. Инвестициите во 2016 година ќе достигнат ниво од 41,5 милиони денари. Најголем дел отпаѓа на набавка на опрема за преработка и одлежување на вино за подобрување на квалитетот на производите, а помал дел на реконструкција и надградба на градежните објекти во делот на винарницата“, соопшти компанијата.

Оттаму информираат дека бруто приходите се предвидени на износ од 1,292 мил. денари, што претставува зголемување од 9% споредено со 2015 година. Во вкупната реализација во обем, домашниот пазар учествува со 48% додека извозните пазари учествуваат со 52%. Нето добивката пред оданочување за 2016 година се естимира со зголемување од 5% во споредба со претходната година.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *