Една чаша вино заменува еден час во теретана

Ново истражување направено од страна на Универзитетот во Алберта открива дека една чаша црвено вино го има истиот ефект како и вежбање 1 час во теретана.

Состојка на виното, позната како ресвератол, ги подобрува физичкиот перформанс, работата на срцето и силата на мускулите на сличен начин како што го прават тоа и вежбите.

Џејсон Дајк, главниот истражувач, вели: „Мислам дека расвератолот може да им помогне на пациентите кои сакаат да вежбаат, но не се физички способни“.

Тоа не значи дека редовните вежби треба целосно да ги замените, но добро е да се знае дека една чаша црвено вино навечер има позитивни ефекти на вашето физичко здравје.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *