Ќе се заштитува автохтоната станушина

Автохтоната македонска сорта на грозје „станушина“ која најчесто може да се најде по лозовите насади ширум тиквешијата ќе се заштитува.
– Пред нас е прилично активна година. Во Тиквешкиот регион се поставува президумот на „станушината“ со што ќе се заштити оваа сорта. Се формира асоцијација на производители на грозје и вино од ова сорта грозје, кои ќе се презентираат на национално и меѓународно ниво. На национално ниво ќе се воспостави мрежа на Тера Мадре Македонија, а настанот ќе се одржи во месец мај во Битола, каде ќе учествуваат 200 делегати од сите конвивиуми и президиуми на производители, организации кои имаат слични ставови со нас заедно со експертите од Унивезитретите и претставници на владините институции, рече Николче Николовски, национален координатор.

Целта е како што нагласи, да се донесат заклучоци во прилог на унапредување на состојбата на малите производители на храна и одржливото производство на храна.

– Истовремено се работи и на промовирање на гастрономската култура она што го имаме како традиција, додаде Николовски.

Професорот Слободан Чокревски од Факултетот за ветеринарна медицина, кој е еден од основачите на Слоу фуд-Македонија во 2005 година, говореше за тренинг Центарот за вино сместен во винаријата „Камник“ во Скопје.

– Курсот за вински советник и соодветниот сертификат кој се стекнува овде влезе во националната класификација на занимања. За време од 2 месеца се стекнува знаење од садење лоза до служење на вино. Годишно по една генерација вински советници излегуваат од овој тренинг центар. Втората работа е што сакаме да ја направиме е да го заштитиме комињакот или кај нас (во Тиквешијата) таканаречениот комињарник во буре, што е моја идеја. Се работи за семејна традиција на правење вино, при што сакаме да ја заштитиме рецептурата на начинот на правење, што ке влезе во светската арка на вкусови и традиционални специјалитети, нагласи Чокревски.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *