Македонија, земја на манастирските вина

Македонија е полна со прекрасни природни резервати. Македонија е, исто така, еко-банка на сорти, обичаи, вински генетски записи, а под планината Козјак се наоѓа вистинска оаза на органски вина кои ги пренесуваат тајните на манастирското вино.
Основачот на Романската православна црква, Светиот Преподобен Никодим, е роден во 1320 во селото Никодин во близина на Прилеп. Тој почина 86 години подоцна во манастирот во Тисмани, Романија. Од местото каде што е роден, па се додека погледот не допре до клисурата, може да се види само дабова шума, лозја и по некоја смрека. Во пејзажот се менуваат падините и ливадите, ридовите и долините, низ кои поминува реката Раечка, опкружена со планински масиви.
Во ова прекрасно опкружување се наоѓа манастирот Света Богородица, кој во средниот век бил седиште на 500 монаси и комити кои застанале во одбрана на клисурата од турскиот аскер. Овде, Македонија е вечна. Како времето да застанало. Дали е тоа само еден мит или фолклор сеедно, но ова дефинитивно е земја на манастирските вино. А виното многу убаво знае да го раскаже ова.
Преведено на современ јазик, кога возите преку преминот Плетвар, на патот од Прилеп до Кавадарци, на шеснаесеттиот километар ќе го видите знакот кон селото Топлица. Од таму, па се до Раечката клисура, се наоѓа најдобриот регион за еко-вино во Македонија. Целосно природен и чист, како да ги спојува земјата и воздухот, се до небото. Лозовите насади се наоѓаат на голема надморска височина, позиционирани на југоисточниот дел на падините на Плетвар (1.748 метри), чија структура потсетува на херцеговините карпи и далматинските карстни предели. И тука е, како и таму, виновата лоза пронашла специфичен тероар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *