Осумте најпознати вина на светот

Иако секоја топ листа е тема на дискусија, затоа што работите пред се поради влијанието на маркетингот се менуваат од ден во ден, сепак, истражувањата велат дека ова се осумте најпознати вина во светот.

 

1. Syrah или Shiraz (Сирах или Шираз) – Најпознати места каде се одгледува лозјето за производство на ова вино се: Калифорнија, Австралија и познатата винска долина на Рона во Јужна Франција. Виното има вкус на црни плодови како црна рибизла, а неговиот прекрасен вкус не е само поради овошјето од кое се прави, туку многу придонесуваат и дабовите буриња каде се чува. Ова вино најдобро оди со пилешко, телешко, дивеч и разни видови чорби.

The-Originals-Syrah

2. Merlot (Мерлот) – лесно и пивко црвено вино кое може да го консумирате со секаква храна. Најпознати региони за негово производство се: Италија, Романија, Калифорнија, Чиле итн. Има типичен вкус на сортно вино со мирис на црни цреши, сливи и билки.

4532220990_383594a6bc_b

3. Cabaret Sauvignon (Каберне Совињон) – една од светски најпознатите и најдобри сорти вино. Најприкладно е да се консумира со црвено месо. Грозјето за негова подготовка расте на сите типични места за одгледување темно грозје, како Франција и Австралија. Во неговиот вкус се чувствуваат тонови на ванила.

images_blog_images_100_wine_santa-carolina_santa-carolina-cabernet-sauvignon-reserva-chile
4. Malbec (Малбек) – оваа врста традиционално има корени од Францускиот регион Бордо. Се одгледува во Аргентина каде расте најпопуларната црвена сорта грозје, а исто така го има и во Чиле, Австралија и во посеверните подрачја на Калифорнија. Неговите карактеристики се разликуваат зависно од тоа како и каде се одгледува. Општо гледано овој вид спаѓа во лесен стил на вина, со вкус на сливи и јагоди. Оди одлично во комбинација со секаков вид оброци со месо. Малбек често се меша со други видови вино, како Каберне Франк, Каберне Совињон, Мерлот… Овие мешавини често носат многу здравствени придобивки.

limited-production-malbec-2009-5

5. Pinot noir (Пино Ноар) – едно од најблагородните црвени вина. Ова вино е потешко за одгледување и производство, а ретко се меша со други вина. Одлично оди со лосос на скара, пилешко, јагнешко, како и јапонски јадења, особено суши. Најпознати региони на производство се: Франција, Австралија, Нов Зеланд, Калифорнија и Орегон. Има овошна арома на цреши, јагоди и сливи.

2011-11-23-pinot-noir-wine

6. Zinfandel (Зинфандел) – Типичен вкус на сортно вино збогатен со зрнести овошја. Ова е најразноврсна сорта вино со тонови на румено вино, па сè до поинтензивни црвени нијанси. Се консумира со тестенини со доматен сос, пица и скара.

SONY DSC

7. Sangiovese (Санџовезе) – Оригинално потекнува од Италија и е одличен избор на вино за со италијанска храна или со која било друга медитеранска кујна. Додека го консумирате можете да го почувствувате вкусот на слива и зрнести овошни плодови.

Wine-with-Mallery-Roccalta-Sangiovese

8. Barbera (Барбера) – можеби не толку популарно како Мерлот, но со слични карактеристики. Се совпаѓа со многу јадења вклучувајќи разни сосови од домати. Виното е со италијанско потекло и има сочно црвена боја, вкус на цреша и слива, свилена текстура и одлична киселост.

barbera+wine+label+photo

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *