Чоколадна торта со црвено вино

Потребни состојки за тортата:

1/2 шолја за кафе сенаменско брашно
3/4 шолја за кафе незасладен какао прав
1 лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка сол
1 шолја за кафе несолен путер, омекнат
1 шолја за кафе гранулиран шеќер
3/4 шолја за кафе кафен шеќер
2 јајца
2 лажички екстракт од ванила
1.25 (5 четвртини) шолја за кафе суво црвено вино (твојата тајна состојка!)

За глазурата:
1/4 шолја за кафе несолен путер, на собна температура
~235 мл (волуменски) средно благи чоколадни чипови
1/2 шолја за кафе суво црвено вино
1 шолја за кафе шеќер во прав

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180°C.

Прво, се мешаат сувите состојки. Сипете го брашното, какаото во прав, сода бикарбоната и солта во сад. Мешајте додека добиете хомогена смеса и оставете ја настрана.

Во друг сад, изматете ги заедно омекнатиот путер и шеќерот, додека не добиете светла и мека смеса. Додајте ги јајцата и матете додека добиете хомогена смеса. Додајте го екстрактот од ванила и повторно изматете ја смесата. Изматете ги сувите состојки во 3 дела (на три наврати), на мала брзина. Додајте го виното на два пати, помеѓу сувите состојки. Матете додека целата смеса не се изедначи.

Сипете го тестото во подмачкан калап за торта. Се пече 40-45 минути или додека чечкалицата вметната во центарот на тортата не излезе чиста.

За да ја ​​направите глазурата, ставете ги чоколадните чипови и путерот на 30 секунди во микробранова, па промешајте и вратете ги на уште 30 секунди. (Ако чоколадните чипови не се целосно стопени, ставете ги во микробранова печка на уште дополнителни 15 секунди). Додајте го виното во смесата, да се изедначат. Додајте шеќер во прав и промешајте додека не се изедначи смесата. Оставете ја да отстои 10 минути пред да ја прелиете тортата.

Послужете ја со остатокот од шишето вино и уживајте!

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *