Винска листа и промоција

Виното има два главни атрибути. Прво, нуди шанса за романса и уживање. Второ, може да биде многу профитабилно, посебно кога е продадена поголема количина. Овие два атрибута покажуваат дека треба да се обрне посебно внимание на виното. Многу аспекти од дизајнот на менито можат да се употребат при дизајнот на винската листа исто така. Успешноста на продажбата зависи не само од добро планираната винска листа туку и од личната продажба на персоналот за продажба (послужувач, келнер).
Неколку фактори треба да се земат во обзир кога се дизајнира винската листа.
Прво, идеата успешно искористена од многу хотелски организации е спарување на специфично вино со специфично јадење од менито. Вообичаено, се предлагаат по две вина кои се комплементарни со одредено јадење. Сугестиите се директно во менито со имињата на вината или бројките на препорачаните вина. Од препорачаните вина едното вино треба да биде од ниска ценовна категорија, а другото предложено вино од висока ценовна категорија.
Со предлагањето на различни ценовни категории се дава можноста гостите да одберат ,без чуство дека само скапите вина се препорачуваат. Сугестивната продажба на вината со пратење на секое јадење е многу препорачлива.
Второ, описот на виното во винската листа им асистира на гостите при изборот, посебно на новите вински консументи. И покрај зголемената консумација по глава на жител во Соединетите Американски Држави, многу од гостите во ресторан се несигурни при нивниот избор на вино. Во многу случаи кога само името на виното и бербата се дадени гостите немаат доволно информации за правилен избор. Ако описот на секое вино е вклучен, гостите ќе бидат посигурни во нивниот избор и нема да чуствуваат аноксиозност.
На крај, најзапоставениот аспект при продажба на вино е персоналот за послужување. Многу често ги немаат неопходните алатки за правилна продажба на виното. Тие мора да бидат адекватно обучени не само за презентирање, отварање и сипување на виното туку и за негова продажба. Мора посебно внимание да се даде на обука на послужувачите (пероналот за послужување). Особено, мора да им се покаже како да пристапат кон гостите и да го проценат потенцијалот за нарачка на вино. Наредниот чекор е ставање на винската листа во рацете на гостинот кој ги носи одлуките, задржувајќи го интересот на гостите зборувајќи за виното и како ќе го надополнат одбраното јадење, како и понудувајќи сугестии за препорачаните вина. За да ги исполнат овие задачи, персоналот за послужување ќе мора да добие тренинг кој е фокусиран кон знаењето за продуктот, оддржување и сервирање на виното и најважно техники за успешна продажба на вино. Многу е важно персоналот да научи како да праша за продажба на вино: ако не прашаат, ретко има нарачка на вино.
Маркетингот и промоцијата на виното е аспект од планирањето на менито кој често не добива адекватно време и внимание за потребните детали. Виното е профитабилен аспект од операција, затоа професионално планирани вински листи се вистинска предност.
А.С.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *