Фонтаната од која тече вино

„Bodegas Irache“ е винарија која се наоѓа во мало гратче, лоцирано на само два километри од средновековниот град Естела. Винаријата е основана во 1891 година, но нејзините лозја датираат од 12 век. Во тоа време таа испорачува вино за кралските куќи на Навара во Северна Шпанија. Приказната за ова лозје е тесно поврзана со онаа на соседниот манастир „Irache“, кој е првиот манастир, кој служел како болница за оние кои поминувале на патот кон Сантијаго.

 
Во 1991 година, „Bodegas Irache“ отвара винска фонтана на надворешниот ѕид на зградата, од која туристите можат сами да си налеат чаша вино или вода.

img_3131
Објектот оддава почит на бенедиктински манастир од 8-миот век и дава пример на современите поклоници за великодушноста на монасите.

 
Постојат две чешми на зградата. Од едната тече вино, а од другата вода. натписот над нив гласи: „Задоволство ни е да ве поканиме да пиете во умерени количини. Ако сакате да си земете вино со вас, ќе треба да го купите.“

 
Фонтаната е од затворен тип и е достапна секој ден помеѓу 8:00 и 20:00 часот.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *