Жените преферираат вино пред секс

Дури 75% од жените изјавиле дека пијат по некоја чашка вино пред да легнат во кревет со сопругот или дечкото, тврдат англичаните во своето најново истражување.
Жените често конзумираат алкохол пред да започнат со сексуалниот однос бидејќи тој им помага да се опуштат, се вели во истражувањто, според кое просечна жена спие со 8 момци, од кои 5 се случиле под дејство на алкохол.
Во истото истражување е откриено дека повеќе од 6% од жените никогаш немале секс додека биле трезни. Истражувачите кои ја барале врската помеѓу сескуалните навики кај жената и конзумирањето на алкохол, дошле до заклучок дека меѓу од 3000 испитаници, дури половина преферираат секс под влијание на алкохол.
Причината се бара во недостатокот на самодоверба кога водат љубов трезни, но со некоја чашка повеќе – жените се подготвени за авантура и се послободни во кревет.

BDX_March_Header-

Што е уште по изненадувачки е фактот дека 9 од 10 жени, никогаш не би отишле на состанок без да испијат 2 чашки алкохол, а 73% од нив изјавиле дека алкохолот им нуди самоувереност која им е потребна за вечерта да заврши по план.
На крајот, дури 14% од анкетираните жени кои се во врска изјавиле дека не би можеле да имаат секс со партнерот доколку не испијат барем 1 чаша вино претходно.
Сите овие факти, искрено ги загрижиле истражувачите кои ги советувале жените да разговараат со партнерот за своите недостатоци и стравови, пред да го најдат решението во шишето пред сексуален однос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *