Кое е омиленото вино на Кралицата Елизабета Втора?

На некои ќе им звучи неверојатно, но молдавското вино Negru de Purcari уште го нарекуваат и кралско вино. Не е трач, туку нејзиното величество британската кралица Елизабета Втора обавезно го нарачува. Под услов бербата да е од 1990 година.

Рара неагра е сорта која во Молдавија била присутна уште пред донесувањето на каберне совињон во 18 век. Кралицата одлично знае што прави, кога бара вино старо четврт век.

case_141_0
Винаријата Пурчари е основана во 1827 година и спаѓа во најстарите и најценетите во Молдавија, а светска слава достигнала во 1878 година на светска изложба во Париз.

purcari-1
Иако на поголем дел од фотографиите кралицата е сликана како пие бело вино, Негру де Пурчари останува забележано како мала, интимна тајна.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *