Највисокото лозје на светот

На северот на Аргентина на падините на Андите се наоѓа нависокото лозје на светот. На преку 3000 метри се простира лозјето на еден швајцарски бизнисмен кој имал храброст да влезе во ваков експеримент

Некој рекол дека за лозарството и винарството нема граници. Тоа сега се потврдува и со лозовите насади во Алтура Максима кои се наоѓаат на преку три илјади метри надоморска височина на северот на Аргентина инаку позната по своите лозја на големи височини.

Ова не се сосема нови насади. Постојат десеттина години и највисоките се наоѓаат на 3111 метри.

За ваквите насади требало да се преземат и соодветни мерки, затоа што тука опасноста од смрзнување е постојана опасност. Исто така било неопходно да се обезбеди вода затоа што се работи за сосема суво подрачје. Сега опасноста од замрзнување се контролира со систем за прскање преку системите капка по капка. Но не е само мразот и градот во ова поднебје е исто така голема закана за лозјата.

На оваа височина се е поинаку. Созревањето на грозјето, развојот на вегетацијата, степенот и концентрацијата на киселини се сосема особени. Појдовната идеја била да се искористи надморската височина за да се обезбедат посвежи ароми. Освен тоа и купувачите од ова вино очекуваат нешто псоебно.

“Виновникот” за овој зафат е Донелд Хес, Швајцарец, бизнисмен кој се впуштил во авантурата да го создаде нависокото лозје на светот. Инаку тој е познат по тоа што направил богатство со минералнассссолј вода, со вино и современа уметност! Аргентина била новата лозарска авантура и експеримент. Тој поседува неколку десетици илјади хектари земја од кои 350 се под лозја. Неговите насади се протегаат на височини од 1700 до 3111 метри. Лозјата се оддалечени едни од други и треба неколку часови да се стигне од едно до друго и тоа по земјени патишта, а родот се преработува во визбата “Коломе”.

High-Altitude-Vineyard-Argentina-Wine

Традицијата на правење вино во овие краишта е долга. Визбата “Коломе” постои од 1831 година. Со доаѓањето на швајцарскиот бизнисмен целиот регион се променил радикално. Селото Коломе доживува ренесанса.

Најголемиот дел насадите под Андите се од сортата “малбек” која стана знак за препознавање на извонредните аргентински вина. Но се одгледуваат и “каберне совињонот”, “пети вердо” и “сира” како и други автохтони сорти.

Грозјето тука е посебно, за да се заштитат од силните сончеви зраци зрната формираат подебела лушпа. Најголемата улога ја игра големата разлика во температурите што овозможува извонредна концентрација на аромите. Ветровите од југот кои се присутни перманентно, се исто така решавачки за квалитетот и посебноста на вината од Андите. Тука придонесуваат и водите од планината кои се богати со седименти. Инаку овде практично не се преземаат никави мерки за хемиска заштита на лозјата. Прсакњето е непознато.

Прозиводството од овие највисоки лозја минатата година достигнало 600.000 шишиња. Трендот за нови насади продолжува.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *