Наместо со Мумм, Ф1 пилотите ќе се „прскаат“ со вината на Шандон

Освен промените во правилата во 2016 година, Формула 1 бележи и промени во однос на подиумот. Имено шампањското Мумм нема да биде присутно повеќе на прославите, а наместо тоа победниците на трките ќе се прскаат со пенливото вино Шандон од видот шардоне.
Оваа одлука беше објавена уште во јануари кога Берни Еклстон не беше задоволен од понудата од 5,5 милиони долари кои ги добиваше од Мумм и реши да ја прекине соработката. Но, раководството на Мумм веднаш најде замена за Формула 1, но со далеку понеатрактивната Формула Е.

Mumm-F1-Edit
Местото на Мумм во Ф1 циркусот веќе го зазема Шандон, кој е еден од спонзорите на Мекларен. Оваа традиција датира од 1950 година кога на една трка во регионот Шампањ во Франција, победникот добил големо шише со скапото вино, додека пак ритуалот на прксање со шампањ околу себе трае од 1966 година кога во Ле Ман Џо Сиферт ненамерно го протресол шишето и ја испрскал публиката, започнувајќи една нова и долготрајна традиција.

f1-mclaren-chandon-announcement-2015-fernando-alonso-mclaren-mp4-30-with-chandon-partners

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *