Пробајте пилешко со бело вино

Ако на прво се запрашате дали сакате да пробате пилешко месо приготвено на овој начин, веднаш да ви одговориме, без двоумење да го направите и пробате! Пилешкото припремено на овој начин има посебен впечатлив сладникав вкус, а зрната грозје добиваат посебни вкусни ноти.
Еве како може да го направите овој вкусен специјалитет со пилешко месо, грозје и бело вино:

Состојки:
1 помало пиле
200 гр бело грозје
2 чешниња лук
100 мл бело вино
сол и црн пипер по вкус
масло
други зачини по желба.

Подготовка:
Пилешкото исечете го на помали парчиња и малку посолете го од двете страни. Во загреана масло, кратко пропржете ги чешнињата лук, доволно колку да замириса, а потоа додајте го пилешкото месо и кратко испржете го од двете страни за да фати кора. Налејте го белото вино и намалете ја температурата. Динстрајте на тивок оган околу 30 минути додека течноста испари, а ако е потребно додајте уште малку вода. На половина динстање, свртете го месото од другата страна и додајте ги зрната бело грозје.
Оставете уште 15-тина минути да се динстаат сите состојки заедно, па на крај зголемете ја температурата за пилешкото фино да зарумени. Кога ќе добие убава румена кора и кога скоро цела течност е испарена, специјалитетот е готов.
Ви предлагаме да сервирате со ориз и сечкан магдонос или да ја искористите својата фантазија на поинаков начин. Ќе уживате во вкусот, гарантираме!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *