Во Израел ќе се прави вино од времето на Исус

Израелските научници од Универзитетот во Ариел на Западниот Брег на реката Јордан се обидуваат да создадат вино од ерата на Исус. Ова беше објавено од страна на израелската националната телевизија.
За да направат ист пијалок каков што бил пред две илјади години, енолозите ќе користат антички семки од грозје и генетски испитувања. Научниците испитувале семки од грозје и фрагменти од глинени садови за складирање вино, кои биле пронајдени во урнатините на еврејските храмови. Како резултат на повеќегодишната работа тие успеале да идентификуваат 120 сорти на грозје кои растеле во античките времиња во Израел. Од нив, 20 видови се соодветни за производство на вино. Истражувачите сметаат дека генетскиот материјал извлечен од семките од античкото грозје, стари неколку илјади години, ќе може да се пренесе на локалните израелски видови – и на крајот да се добие грозје идентичено на она што растело пред две илјади години.

158621909
Телевизијата забележува дека енолозите веќе успеале да постигнат одреден успех. Имено, во 2014 година, биле наполнети 2.480 шишиња вино од сортата маарави. Оваа сорта се смета дека е целосно исчезната, но е обновена благодарение на откритијата на археолозите и енолозите. Според научниците, оваа сорта на грозје се одгледувала во Витлеем, околу 220 г. од нашата ера.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *