Јубилејниот 5-ти “Spring Wine Festival” од 11 до 15 мај 2016 во Скопје

Од 11 до 15 мај, веќе традиционално, по петти пат на паркингот на Веро Центар ќе се одржи ексклузивниот пролетен вински фестивал – „Spring Wine Festival“.
Како изминатите изданија на фестивалот, така и оваа година ќе можете да уживате во дегустација на најубавите сортни македонски вина и вкусни деликатеси по промотивни цени, проследени со богата музичка програма која ќе ги задоволи вкусовите на разновидната публика.
Од среда до недела паркингот пред Веро Центарот ќе се претвори во место каде мирисот на пролета, љубовта и виното ќе ги возбудат сетилата и ќе ги задоволат вкусовите на традиционално многубројните посетители. Бидете дел од петтото издание на најпосетениот пролетен вински фестивал – „Spring Wine Festival“.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *