Исплатени 93,2% од откупенот грозје во 2015 година

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска соопшти дека од ланската реколта, од винарските визби вкупно се откупени 154.248 тони грозје во вредност од речиси 32,3 милиони евра.

 

Заклучно со 3 мај исплатени се 30,1 милиони евра или 93,21% односно, а неисплатени се 2,2 милиони евра. Тоа претставува 6,79% од вкупните обврски по основ на откупеното грозје.

 

Остварената просечна цена за откупено грозје од реколтата од 2015 година е 12,87 денари за килограм што во споредба со остварената цена за откупено грозје од реколта 2014 година (12,76 денари/кг) претставува зголемување од 1%, се наведува во соопштението од МЗШВ.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *