Вината на Попова Кула се продаваат во Јапонија, САД, Кина…

Во деловната 2015 година Друштвото заедно со својот деловен партнер од САД успешно го заврши процесот на регистрација на дел од своите производи во САД, процес којшто беше започнат во втората половина од 2014 година, информира Винарската визба Попова кула во Годишниот извештај објавен преку Македонската берза.

“Како резултат на тоа во втората половина на 2015 година се оставри и првата продажба кон новиот деловен партнер од САД. Со ова Друштвото го задржа контиутетот во својата стратегија за постојано отворање на нови странски пазари и изнаоѓање нови деловни партнери на странските пазари.

Стратегијата за отварање нови странски пазари и изнаоѓање нови партнери на странски пазари, во 2015 година Друштвото ја потврди и со успешно реализираниот процес на регистрирање и реализирање на прва продажба во Јапонија, како и реализираните продажби кон нови партнери во Холандија, Данска и Германија.

Особено квалитетни како по количина, така и по остварена вредност (беа продадени и производи од повисока ценовна категорија) беа продажбите реализирани во САД и Кина (оваа продажба беше оставрена за купувач од Кина но преку негов деловен партнер кој има фирма во Македонија).

Со остварената продажба во САД се валоризираа повеќегодишните напори за остварување позначајна продажба на овој пазар. Информациите кои после реализираната прва продажба се добиени од деловниот партнер од САД, даваат надеж за повторување и пораст на соработката во понатамошниот период.

Продажбата на останатите пазари во странство каде Друштвото ги продава своите произоди, продолжи и во деловната 2015 година.

Во деловната 2015 година друштвото реализира продажби и во Полска, што е особено значајно заради значењето на полскиот пазар за Друштвото, како и заради тоа што во текот на претходната 2014 година Друштвото не реализира никаква продажба во Полска.

Продажбата на грозје кон купувачот од Црна Гора продолжи и во 2015 година. Континураната работа на отварање нови пазари во странство и изнаоѓање нови партнери во странство во 2015 година доведоа до тоа да во деловната 2015 година Друштвото оствари зголемена продажба од цца. 14,09% во однос на 2014 година (напоменуваме дека овде е влезена и продажбата реализирана во Кина, но преку деловен партнер на купувачот од Кина во Република Македонија)“, информира компанијата.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *