Три медали за винаријата „Стоби” на престижниот светски натпревар „Декантер”

Македонската винарија „Стоби” освои три бронзени медали, a две вина го добија знакот „препорачано” на еден од најголемите и највлијателните светски вински натпревари „Декантер”. „Вердо”, „Аминта” и „Акација” кои се и дел од новата линија „приватна резерва” на винаријата добија бронзени медали, а „Аксиос” и „Веритас” беа препорачани од реномираното жири. Ова е втор престижен натпревар од кој „Стоби” периодов успева да се врати со награди. Пред една недела, винаријата триумфираше на BIWC (The Balkans International Wine Competition) кој се одржа во Софија, Бугарија, и освои еден златен и три бронзени медали.

„Декантер” е натпревар од огромни размери на кој се собираат стотици познавачи на виното, а учествуваат и огромен број производители од цел свет. Овие награди во голем размер придонесуваат за популаризација на вината и уживаат сериозна репутација. Организацискиот тим што стои зад натпреварот воедно издава и списание кое е исклучително почитувано и ценето. Во него пишуваат и врвни светски енолози и го извојуваат она што вреди да се дегустира во винскиот свет.

„Стоби” на крајот на минатата година ги промовираше новите вина „Акација”, „Аура”, „Аксиос”, „Аминта”, „Вердо” и „Веритас” кои се дел од серијата „приватна резерва” и воедно се и новиот адут на винаријата за тековната сезона на натпревари. Тие веќе почнаа да жнеат награди, а менаџерскиот тим најавува уште многу триумфи за новите вкусови во периодот што следува. Сепак и останатите вина на „Стоби” не заостануваат. Така „Вранец” од бербата од 2013 година беше спомнато во јунскиот број на магазинот Wine and Spirits каде беше издвоено како најдобро за цената во Источна Европа.

Винаријата е отворена во 2010 година и во тој период се издигна во втор најголем извозник на вино во шише во Македонија. Годишно се произведуваат 4,5 милиони литри вино кои се распределени во 4 категории – премиум, елит, класик и традиционални.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *