Во Харо и годинава се оддржа масовно прскање со вино

Неколку илјади учесници вооружени со кофи, бокали и пиштоли на вода беа дел од масовното прскање со вино.

 

Локалните власти првично обезбедија пет тони, но самите учесници со себе донеле уште 70 тони, за како што велат, забавата да биде успешна, при што на улиците на шпанскиот Харо завршија 75 тони вино.

 

Учесниците традиционално се облекуваат во бела облека и носат црвено марамче.

batalla-de-vino
Овој фестивал секогаш се одржува неколку дена пред борбите со бикови во Памплона и е посветен на светецот Сан Педро.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *