Вино, текила и свежо овошје за перфектна сангрија

Кој не сака сангрија? Омилениот шпанско-мексикански пијалак е на менито без оглед на сезоната, а овојпат имаме варијација во вкусот кој вклучува розе вино, текила и многу свежо овошје.

Звучи чудно, но ова е добитна свежа комбинација за летните ноќи и совршен пијалак за забави.

Набавете ги состојките и направете си малку поинаква сангрија за паметење.

Потребни состојки:

1 шише Розе вино
1 шолја бела текила
1 шолја свеж сок од лимета
1/3 шолја агаве сируп (или малку повеќе, според вкус)
2 шолји јагоди исечени на половинки
1 шолја сечкани праски
1 шолја боровинки или малини
1 шолја исечени цреши на половина или мали парчиња љубеница
2-3 лимети исечени на парчиња
Тоник
Босилек за декорација
Подготовка:

Во подлабок сад се мешаат сите наведени состојки, со исклучок на тоникот и босилекот.

Се остава добро да се олади. Пред сервирање, чашите се полнат со мраз и откако претходно нежно сте го промешале пијалакот, се налева во нив. Се полева со малку тоник одозгорa и се декорира со босилек и свежи цветчиња.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *