Кавадарци трага по новиот вински крал и кралица

Официјалната потрага по новиот вински крал и кралица на град Кавадарци, кои ќе ги завземат почесните места на Кристијан Ивановски и Елена Радулова започна.

Традиционално, и годинава, општина Кавадарци го објави повикот за учество во официјалниот избор за најубав кавадарчанец и кавадарчанка, кој ќе се оддржи во рамките на стопанско туристичката манифестација „Тиквешки Гроздобер 2015“

Согласно повикот за избор на вински крал и кралица, право на учество имаат кандидатите од женски и машки пол со навршени најмалку 16 години. Сите заинтересирани, своите пријави во кои ќе го наведат своето име и презиме, датум на раѓање, висина, тежина, боја на очи, боја на коса и кратка биографија заедно со две фотографии треба да ги достават на следната email адреса festival_karneval@yahoo.com најдоцна до 25 август.

Според информациите од организаторот, годинава изборот за вински крал и кралица ќе биде еден од централните настани кои ќе се оддржат во склоп на Тиквешкиот гроздобер, а освен добрата забава за гостите, ќе следуваат и вредни награди за сите учесници во изборот.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *