Винска лектира „Се што треба да знаете за виното“

Виното е сложен и до детал нијансиран и префинет пијалак. Начинот на неговото производство, комбинациите од различните сорти грозје, богатството од мириси и вкусови кои се развиваат во чашата, комплексноста на факторите кои влијаат на развојот на карактеристиките на виното и уште многу други причини го прават виното единствен пијалак, а истовремено ја објаснуваат и нашата фасцинација од него.
Токму затоа и обидот за класификација на вината не е едноставен, поточно има навистина многу различни поделби на виното. На пример, разликуваме мирни и пенливи вина во зависност од тоа дали постои заробен јаглероддиоксид во шишето. Еден вид пенливо вино е добропознатиот шампањ.

9665-borkostolo-eger-mellett
Основната поделба на виното е според неговата боја. Секое вино се произведува од сокот од гроздовите зрна, но во зависност од тоа какво е грозјето и колку долго ќе трае контактот меѓу сокот и лушпата од гроздовите откако тие ќе бидат изгмечени, разликуваме

– Бело вино: се произведува од бели сорти винско грозје
– Црвено вино: се произведува од црвени сорти винско грозје
– Розе вино се произведува од црвени сорти винско грозје, но во процесот на производство има ограничен контакт меѓу сокот и лушпата од грозјето

Доколку целокупното количество шеќер се трансформира во алкохол за време на ферментацијата, станува збор за суво вино. Но, ферментацијата може да биде прекината, и во виното да остане поголемо или помало количество природен шеќер. Во зависност од концентрацијата на шеќер во виното, постојат полусуви, полуслатки и слатки вина.

wine-and-dessert
Познат е и терминот десертно вино. Вообичаено овие вина се произведуваат од доцна берба на грозје, при што зрната дури наликуваат на суво грозје кое изобилува со шеќер. Во одредени вински региони бербата се одложува додека зрната грозје не замрзнат на лозјето. Притоа, концентрацијата на шеќер е толку висока што не е возможно целосно да ферментира во алкохол и на тој начин се добива вино со низок процент на алкохол и сладок вкус. Исто така, постојат и засилени вина. Станува збор за слатки вина кај кои процесот на ферментација се запира со додавање алкохол. Популарни засилени вина се познатите шери, порто, мадера, марсала, вермут, бермет…
Понатаму вината се делат според своето потекло (географски контролирано или не), според регионот од кој потекнуваат, според сортите од кои се добиени, според бербата како што веќе споменавме… виното е сложен и нијансиран пијалак, затоа е и божествен.
БЕЛО ВИНО
Белото вино е вино со жолтеникава боја. Овој вид на вино се произведува од необоено грозје, или со користење на сок од грозје со црвена лушпа. Бојата на белото вино може да потекнува од неколку вински сорти.
Белите вина се прават од гроздов сок или лушпи од грозје со зелена, златна или жолтеникава боја или само од сокот, но не и лушпите, од избрани сорти на црвено грозје. Вообичаените едносортни бели вина вклучуваат ризлинг, семијон, совињон бланк, пино гри и мосел. Шампањот, пенливо бело вино, што потекнува од Франција, несомнено е најпознатото бело пенливо вино.

sweetwhitewine2

Зрелост на грозјето
Структурата на грозјето е многу важна, имајќи предвид дека овие параметри влијаат врз квалитетот на виното што ќе се добие од соодветното грозје. Зрелоста на грозјето зависи од стилот на вино што треба да се произведе, а грозјето вообичаено се бере на 11-13 Бомеови степени (што горе-долу е еквивалентно на процентот на алкохол, 11-13 vol%). Шардоне како сорта грозје има подобар квалитет кога е позрело, доколку е поважно да се добие покомплексен квалитет, наместо овошна арома и свежина.

Glasses of white wine in a line

Берба на грозјето
Најдобро е грозјето да се бере рано наутро, кога температурите се ниски, со цел да се сочува нивната свежина, овошната арома и вкусот. За време на бербата се додава сулфур диоксид во форма на калиум матабисулфит, заедно со одредена доза на аскорбинска киселина (витамин C), за да се спречи оксидација. Грозјето брзо потоа се носи во винаријата (не повеќе од половина час), каде се подложува на квантитативна и квалитативна инспекција, по што следува двоење на зрната од петелкита и гмечење.
ЦРВЕНО ВИНО

Црвено вино е направено од црвени сорти грозје. Бојата кај црвените вина може да варира од интензивна виолетова, типична за младите вина, па се до цигла боја карактеристична за зрелите вина и речиси кафева кај постарите вина.
Бојата на внатрешноста на гроздовото зрно кај повеќето црвени сорти грозје е зелено-бела, додека црвената боја доаѓа од пигментите наречени антоцијани кои природно ги има во лушпата од грозјето. Постојат исклучоци кај тентуриер сортите, кои освен однадвор – имаат зрно со црвен внатрешен дел и даваат вина со темно-црвена боја.

wine_good
Црвеното вино се добива од црвено и црно грозје. Лушпата на грозјето ја дава бојата, но исто така и танинот, друга состојка која е клучна за комплексната текстура на црвеното вино.
Танинот придонесува за сувиот квалитет, кој дава силно чувство во устата. Колку е помладо толку е поинтензивна силината на голтката вино. Со стареењето, силината од танинот опаѓа и помага да се развијат други карактеристични ароми на црвеното вино. Ова е една од причините зошто постарото црвено вино е подобро од белото.
Најдобрите црвени вина во светот
Кога одите да купувате добро црвено вино ќе забележите дека тие се поделени според нивниот квалитет, а постојат навистина големи разлики во цените. Лидери се финте црвени вина кои се произведени од најдобрите сорти на грозје, и се чуваат во посебни услови минимум две години што придонесува кон нивниот оригинален вкус. Вина стари над пет години веке стануваат дел од колекција на вина. Времето го заверува нивниот квалиетет, ги прави да чинат богатство. Еве некои од светски најпознатите црвени вина:
1. Кабернет Совигњон: Ова црвено вино е произведено од добро ушмукани лушпи на грозје кои содржат високо количество на танин. Па оттука и интензивно црвена боја, и јака арома.
2. Мерлот: Ова вино содржи повисок процент на алхохол и вкус на црни цреши. Се карактеризира со богата и силна арома, и спаѓа во врвните сорти.
3. Небиоло: Вино кое содржи висок процент на танин и киселина. Мора да созрее за да се пие. Најчесто се произведува во Пиемонт, регион во Италија.
4. Пинот Ноaр: Велат дека ова е најоригинален вкус кај црвените вина. Причината е тоа што оваа сорта успева во краишта со чиста природа, со умерено количество шеќер, одгледувањето на сортата е сложено и бара многу работа.

is-red-wine-good-for-seniors-722x406
Црвено вино за готвење
Стара навика во готвењето низ целиот свет е да се додаде вино како состојка во рецептите. Правилото, кога станува збор за користење на добро црвено вино во готвењето е ако не вреди за пиење, тогаш не вреди ни за готвење. Исто така кога одбираме вино за готвење треба да имаме на ум дека виното од областа од која потекнува совршено се вклопува со рецепт од истата. Француско вино со француска храна… Треба да запаметиме дека некои вина додаваат овошен, а други киселкаст вкус на јадењето.
Црвено вино за подобро здравје

Докажано е дека пиењето црвено вино во мали количини секојдневно придонесува кон одржување добра здавствената состојба, особено за подобрување на работата на срцето. Не било кое – туку сувото црвено вино. Најдобри црвени вина за здравјето се Кабарне Совињон, Сира и Пинот Ноар.
Кога да се бере грозјето

Зрелоста на грозјето зависи од стилот на вино кое сакаме да го добиеме. Колку е позрело грозјето, толку виното ќе биде пополно, побогато со вкус и мирис и ќе содржи повеќе алкохол

392463-red-wine
Процесирање на грозјето

Првиот чекор во производството на црвено вино, по неговото берење, се состои од физичка обработка на грозјето. Берењето е рачно или со машина, и потоа грозјето се носи во винаријата во најразлични садови, па оттаму започнува процеост на негово гмечење.
По пристигање во винаријата, набраното грозје најчесто е мешавина од зрна или цели гроздови, дршки и листови. Присуството на петелките за време на ферментацијата придонесува за горчливиот вкус на виното, а целта на отстранување на петелките од грозјето е со цел да се одвои грозјето од петелките и листовите.
Мешавината од зрна, лушпи и семе во оваа фаза е позната како гроздова каша (шира). Потоа гроздовата каша се пумпа во сад, вообичаено во иноксна или бетонска цистерна, или пак во дабов сад каде гроздовата каша ја започнува фазата на ферментација.

РОЗЕ
Розe (од француски:rose, познат и како rosado во земјите од шпанско говорно подрачје или rosato во Италија) е вид на вино што делумно има боја типична за црвеното вино, но едвај доволно за да стане розово. Розовата боја може да се протега во распон од бледо портокалова до светловиолетова, во зависност од грозјето и техниките за производство на вино.

Glasses of white wine in a line

Техники за производство
Постојат три главни начини за производство на виното розe: преку контакт со лушпи и мешање. Кога розe виното е примарен производ, тогаш се добива преку методот на контакт со лушпи.
Црнолушпесто грозје се дроби и лушпите се оставаат во контакт со сокот во еден краток период, најчесто од еден до три дена. Ширата се пресува, а лушпите се отстрануваат наместо да се остават во контакт за време на ферментацијата (како при производство на црвено вино). Лушпите содржат многу танини и други состојки, поради што структурата е налик на белите вина. Колку подолго лушпите се во контакт со сокот, толку поинтензивна ќе биде бојата на финалното вино.

Glasses of white wine in a line
Glasses of white wine in a line

Розe виното може да се добие како нус-производ при ферментација на црвеното вино со употреба на техниката позната како Saign eacute (на француски – крвави). Кога винопроизводителот сака да вметне повеќе танин и боја на црвеното вино, одредена количина од розовиот сок од ширата може да се оддели во рана фаза.
Црвеното вино што останува во бочвите се интензивира како резултат на крвавењето, бидејќи количината на сок во ширата е намалена, а ширата што ќе се подложи на омекнување е концентрирана. Розовиот сок што е отстранет може засебно да ферментира за да се добие розе.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *