Горан Самарџиев прв асистент на Малинков. Познат дел од ростерот на Фени

Капитенот на Фени Индустри, Горан Самарџиев ја заврши играчката кариера, и од оваа сезона ќе биде прв асистент на Љупчо Малинков. Дополнително, популарниот „Шуш“ ќе ја врши и функцијата координатор на младинските екипи на Фени Индустри. Ова се само дел од промените во тимот пред стартот на подготовките кои се закажани за во среда, 10 август.

Од она што е веќе дефинирано, на првата прозивка ќе се појават Ќире Николовски, Јане Петровски, Бобан Стајиќ, Предраг Пајиќ, новајлијата Горјан Марковски и кавадарчаните Милан Милков, Мишко Китев и Никола Кицев. Дополнително, Малинков и Самарџиев ќе одлучуваат дали ќе биде повикан уште некој играч од младинските погони на Фени.

На првите тренинзи се очекува да се појават и неколку странски играчи, кои најпрво ќе мораат да ги задоволат вкусовите на тренерскиот двоец на Фени, пред да добијат договори со тимот кој и годинава има амбиции за повторување на ланскиот успех, пласман помеѓу четирите најдобри.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *