Придобивките од една чаша вино се огромни

Ако уживате во една испиена чаша на црвено вино повеќе одколку да одите во теретана, тогаш следнава статија секако дека ќе ве израдува.
На универзитетот Алберта во Канада неодамна беше спроведено научно исражување кое покажало дека учинокот на една испиена чаша на црно вино е исто како да вежбате половина час во теретана. Според зборовите на водечкиот научник на ова истражување Jason Dike, ова откритие ќе ги израдува сите оние кои се љубители на добро црвено или црно вино, а помалку сакаат да вежбаат.
Ресвератролот кој го содржи црното вино ја подобрува физичката способност како и функцијата на срцето и мускулите.

Здравствените погодности на црвеното вино се добро познати и документирани. Медицинските студии покажале дека сите што конзумираат по една чаша вино дневно имаат помали шанси да заболат од деменција и рак, а истотака е добро и за регулирање на шеќерот во крвта.

Добра вест за сите оние кои не пијат воопшто алкохол е фактот дека тие можат ресвератролот да го внесат преку црното грозје, црното чоколадо, боровинките и путерот од кикирики.

Напомена: Нема ништо подобро од добро избалансирана исхрана и внесување на една чаша црвено вино секој ден.

На здравје!!

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *