Ивана Малкиќ и Александар Маринковиќ се новиот вински крал и кралица

Ивана Малкиќ и Александар Маринковиќ се новиот вински крал и кралица кои вечерва ќе го предводат винскиот карневал.

Во нивната приружба вечер ќе бидат и првата и втората придружничка на винската кралица, Ивана Стојанова и Сандра Митревска, како и останатите 11 девојки кои синоќа беа дел од најмасовниот избор за винска кралица.

Покрај насловите за вински крал и кралица, Малкиќ и Маринковиќ кои во наредните 365 денови ќе бидат синоним за кавадаречката убавина и младост им беа врачени и пригодни подароци од генералните спонзори и покровители на годинашниот избор за винска убавица.

На изборот кој годинава за прв пат се оддржа во ресторанот „Моклиште“ учествуваа 14 девојки, а програмата традиционално ја водеше радио артистот Душко Стефанов.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *