Инвестициите и промоцијата помагаат македонското вино да стане попрепознатливо

Инвестициите во нова технологија, подобрувањето на квалитетот на виното и многубројните промоциите , помогнаа реномираните светски блогери за вино, да ја откријат Македонија како нова дестинација и да ја рангираат меѓу седумте земји чие вино мора да се проба. Според првиот човек на здружението на македонски вина Петрушев, позитивните коментари од сведски експерти се добредојдени и значајни за домашнит вински сектор.

Македонското вино е присутно на светските пазари. Освен кај традиционланите клиенти Германија, Србија и Хрвтаска, зголемен е извозот и во останатите земји во Европската унија и во САД.

Кортни Шисл вински експерт од Бруклин која пишува за повеќе светски познати медиуми во својот текст за порталот за вино Вајнпер ја вбројува Македонија во групата во седум земји од кои задолжително треба да се проба вино. Според нејзе најважниот регион во Македонија е Повардарието.

– Оваа земја, која не излегува на море, има многу придобивки од изобилството на сончеви денови, медитерански и континентални влијанија, каменеста почва, со голем број семејства што традиционално прават вино во своите домови-. Се одгледуваат и меѓународни сорти, но земјата го има прифатено вранецот како свој заштитен знак. Потенцијалот на грозјето е огромен. Вреди да се пробаат вината од Македонија – напишала Шисл за винскиот портал Вајнпер

Македонија на оваа листа се најде во друштво со Англија, Мароко, Либан, Мексико, Бразил и Уругвај.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *