Четири причини зошто жените кои преферираат црвено вино се подобри

Жените кои пијат црвено вино се мистериозни и мистични, а оние кои пијат бело – се предвидливи и премногу обични.

Дамите кои претпочитаат црвени сорти вина се храбри, забавни, сексапилни и имаат нагласено добар вкус.

Еве и уште четири причини да си барате пријателка која го преферира црвеното пред белото вино:

1. Дамите кои пијат црвено вино имаат авантуристички дух.

Жените кои ќе нарачаат црвено вино дефинитивно ги сакаат ризиците и изненадувањата. Црвените вина имаат многу богат вкус и арома. Тие може да се направени со мешавина од шумско овошје или други егзотични состојки. Дамите кои пијат такво вино се подготвени да го запознаат светот и да истражуваат нови територии.

2. Жените кои пијат црвено вино мислат за иднината.

Црвеното вино има антиоксиданси и според истражувањата една чаша вино на ден е добра инвестиција за здравјето на човекот. Односно, дамите кои го преферираат овој пијалок мислат за иднината и се фокусираат на своите цели, без разлика колку големи или мали се тие. Од друга страна, жените кои пијат бело вино, мислат за моментот – сега да им е убаво и весело.Тие мислат и повеќе за својата фигура, бидејќи белото вино е ниско калорично.

3. Жените кои пијат црвено вино го сакаат уживањето.

Дамите кои пијат црвено вино имаат длабока душа и се радуваат на фините работи во животот како уметност, кулинарство, литература, култура … секс. Тие преферираат романтични вечери со свеќи дома или во интимна атмосфера во убав ресторан. Жените кои сакаат бело вино паѓаат на задимени, бучни и слабо осветлени барови или ноќни клубови.

4. Дамите кои пијат црвено вино се со огнена природа.

Овие жени не се пуштаат по течението, тие се подрски и борбени. Црвеното вино станува убаво со времето. Така е и со жените, кои го преферираат – тие се возбудливи, харизматични и фасцинантни и оние нивни особини се откриваат една по една со времето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *