Пробајте вино од Саксонија

Саксонија (Sachsen) е регион на квалитетнот вино во Германија, кој се наоѓа во германската сојузна покраина Саксонија. Регионот е понекогаш нарекуван и како the Elbtal (Елбска долина).

 

Винскиот регион покрива област од 462 хектари, што го прави третиот најмал регион во Германија по површина. Се наоѓа долж реката Елба од селото Пилниц на Дрезден до селото Дизбар-Зојслиц северно од Мајсен. Заедно со винскиот регион Зале-Унштрут, Саксонија е еден од најсеверните вински региони во Европа и е единствениот од двата региони во Германија, кои се наоѓаат во поранешната Источна Германија. По повторното обединување на Германија во 1990, површината на лозјата била зголемена од 200 на 450 хектари со поддршка од Европската Унија,[2] но во последните години оваа бројка е малку намалена.

csm_20080121_01_12_017_a4_2560_1728_614165dd9e

Областа на Саксонија има долга традиција за правење вино со докази за винска култура во регионот кои потекнуваат од 1161 во Мајсен.

 

Со местоположба во југоисточна Германија, близу границата со Чешка, регионот има континентална клима, која е под влијание на Елба. Гранитот и гнајсот се основата на почвата во областа и се слични со австрискиот вински регион Вахау.
Сортата Müller-Thurgau е водечка во областа и се одгледува на 85 хектари и 18,4% следено од Riesling со 14,5% и Weissburgunder (Пино бланк) на 11,9%. Поголемиот дел од производството на вино, околу 90%, отпаѓа на суво вино.

sachsen-german-wine-region-radebeul

Најмногу посадени сорти на грозје по површина се:

Müller-Thurgau, 85 ha (18,4%)
Riesling, 67 ha (14,5%)
Weißer Burgunder, 55 ha (11,9%)
Grauer Burgunder, 43 ha (9,3%)
Spätburgunder, 38 ha (8,2%)
Roter Traminer, 29 ha (6,3%)
Kerner, 27 ha (5,8%)
Dornfelder, 23 ha (5,0%)
Goldriesling, 17 ha (3,7%)
Scheurebe, 15 ha (3,2%)

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *