Квалитетот на домашните вина од година во година е се подобар

Домашните производители на вино континуирано го подобруваат квалитетот на својот производ е оценката на здружението на винари на Македонија. Подобрувањето, според експертите се должи на поголемата едуцираност на производителите кои произведуваат вино во домашни услови

Во Кавадарци, на факултетот за земјоделство што работи во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип се дегустираа 60 мостри на младо вино од домашни производители во рамки на манифестацијата за одбележување на денот на младо вино.

Во изборот на најдобри млади вина учествуваат производи од Тиквешкиот регион, но и од други виногорја, Велешко, Гевгелиско, Валандовско, Скопско.

Денот на младото вино во светот се празнува од 1937 година, секој трет четврток во ноември. Изборот, пак, на најдобри млади вина се одржува во чест на празникот на млади вина „Божоле нуво” кој се слави во многу земји.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *