Фенг Шуи: Атмосфера полна љубов за совршена романтична вечера

Доколку планиравте романтична вечера за двајца, фенг шуи ќе ви помогне да ја креирате вистинската атмосфера за заљубени и ќе допринесе за одлично расположение. Романтичната вечера е најдобар начин потполно да го освоите неготово срце.

Откако веќе сте го смислиле романтичното мени, погрижете се и да ја уредите трпезата во слад со најромантичните идеи на фенг шуи.

Идеална маса за романтична вечера е округлеста маса или коцскаста, со најмногу два стола. Повеќе столици може да делуваат како да очекувате повеќе гости, наместо да е атмосферата само за двајца. Доколку имате голема маса тргнети ги вишокот на столици, а двата стола ставете ги на едниот крај за да бидете еден до друг. Големите дефинитивно не се погодни за романтични вечери, но ако немате избор нека бидат декорирани и украсени да не изгледаат празно.

Удобен и интимен простор кој оддава љубов е баш тоа место каде треба да ја послужите романтичната вечера. Исто така потрудете се вашиот гостин да не гледа во правец на вашата кујна. Осветлувањето треба да биде благо и пријатно за очи.

Декорирајте ја масата со црвена боја, затоа што таа е симболот на љубовта и романтиката. Црвената исто така представува огнен елемент во фенг шуи, па секако е идеална боја за заљубени. Одберете декорација за масата во пар. На пример: вазна за два црвени цвета или две кристални срца како декорација за свечената атмосфера.

Romantic-Dinner-Service-Palm-Beach-1024x512

Немојте никако да ги заборавате свеќите. Одберете убави црвени свеќи која додатно ќе ја интезивираат атмосферата. Облечете нешто црвено. Тоа може да биде и некоја ситница како што се обетки во црвена боја.

Доколку на средината на вашиот стол стојат црвени рози, обавезно извадете ги трнчињата. Трнањата сиболизираат тешка врска, па така со отстранување ќе добиете убава врска без проблем. Друга опција за цвентни аранжмани на масата се божури. Доколку сте љубители на лалиња, тие ќе бидат најдобар избор. Изберете ја бојата на свеќињата според тоа што од вашата врска очекувате. Црвена симболизира брак, роза и кајсија боја- младалачка љубов, жолтата – право пријателство, белата – чистота во врската

По фенг шуи правилата „Ти си она што го гледаш“, па така од трпезаријата отстранете ги сите слики кои презентираат една осамена личност. Закачете весели слики од заљубени парови, поклоните од вашите предходни партнери тргнете да не бидат на видно место.

Не заборавајте да го отворите прозорот пред вечерата како би излгол стариот воздух и би влегла нова свежа енергија, која ќе донесе поубави љубовни односи и романтика.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *