Додатоци кои ќе го направат Вашето шампањско неодоливо

Иако новогодишната ноќ е зад нас, годината која што само што започна ќе ни донесе уште многу моменти во кои ќе треба да наздравиме, па еве неколку совети како својот класичен шампањ да го освежите со инвентивни дополнителни вкусови.

Со тревки

Додате му на пенливиот пијалок рузмарин или жалфија. Вкусниот мирис ќе додаде интересно доживување, а изгледот на чашата – како да се наоѓате на најлуксузната забава, било кога до сега!

Додадете брусница

Оваа шарена комбинација со брусница и едноставен сируп од анасон, е интересна и женствена.

pelin

Слатко пире….

Класичниот венецијански Bellini бара пире од бела праска, но сите бараме нешто ново за пенливите коктели. Направете попладневен аператив, комбинирајќи еднакви делови на просеко, cava или шампањ, со едноставно свежо пире направено по ваш избор. Прикажаново пире е од малина и праска, апсолутно ќе ја освои секоја забава.

malina

Горки шеќерни коцки…

Коктел од пенливо вино е совршен во комбинација со коцки шеќер од пелин, а да не зборувамее кога розе бојата е во прашање. Ставете една коцка во чашата со шампањ и кренете ја чашата.
Со калинка…

Заради воздухот, овие слатко – кисели црвени бобички, ќе плутаат на површината на шампањот, а во устата како прави бомби ќе направат експлозија на вкусови, кои нема да ги заборавите!

kalinka

На здравје!

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *