Пробајте лазања со црвено вино

Новата 2017 да ја почнеме со вкусни и нови рецепти, кои ќе го собираат целото семејство на трпеза. За радосни моменти во вашиот дом. Ви нудиме лазања со црвено вино која е неверојатно и неповторливо доживување.

СОСТОЈКИ:

400 гр лазањи
500 гр мелено месо
500 гр доматен сос
500 мл црвено вино
1 кромид
3 лукчиња
зачини
3 лажици брашно
600 мл млеко
25 гр путер
малку пармезан
ПОДГОТОВКА:

На масло се пржи кромидот со меленото месо, па се додава доматниот сос, виното и зачини, вегета, бибер, сол, оригано…по желба. Се става и лукот и се убаво се динста околу половина час.
Настрана го правиме бешамел сосот со путерот, брашно и млеко на вообичаен начин.
Лазањите се ставаат во врела вода, па по 5 минути во ладна, па се редат во тава.
На лазањите се става прво бешамел, па сосот со црвено вино.
Се повторува додека има смеса.
Се пече на 180 степени 50 минути.
Одозгора се ренда пармезан по желба и се пече уште десетина минути.
Послужете со чаша црвено вино.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *