Лозје за подарок од Кејт Мос

Кејт Мос е од оние жени кои знаат да ги опсипат своите партнери со подароци, а еден од најчудните подароци кои ги добил нејзиниот сопруг Џејми Хинц е лозје.
Манекенката го изненадила човекот на својот живот подарувајќи му лозје на југот од Франција. Во необичниот подарок, за кој Мос одвоила околу 150.000 евра, гледа долгорочна бизнис инвестиција во производство на квалитетно вино.
Една од најубавите жени во светот, сака името да си го гледа на шише сортно вино. Извор близок до манекенката, открил дека идејата и ја дал ексдечкото Џони Деп, кој и помогнал и во изборот на лозјето.
„Со Џони заедно го бираа подарокот. Долго време разгледуваа и се консултираа, не им беше лесно да донесат одлука, видоа многу лозја, но упорноста им се исплатеше. Кејт мисли дека ова би било одлично хоби за неа и за Џејми, а освен задоволство може да им донесе и профит”, рекол изворот.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *