Вино.рс ги прогласи најдобрите српски вина за 2016

Највлијателниот вински веб портал во Србија, Vino.rs, ги прогласи најдобрите српски вина и винарии за 2016-та година. Од се поголемиот број на квалитетни српски вина и се поголемиот број винарии, беа одбрани победници во дури осумнаесет категории.
За најдобро црвено вино е прогласено Cabernet Sauvignon Reserva 2012 на винаријата „Подрум Радовановиќ”, вино кое има одлежано две години во барик и уште година дена во флаша и ги има обединето најдобрите сортни карактристики на сортата- раскошот, силата и префинетоста на кабернето. Ова е втора година по ред каде кабернето од оваа позната винарија од Шумадија, од селото Крњево, го освојува ова ласкаво признание.
И најдоброто бело вино за 2016-та година доаѓа од Шумадија, Trijumf Gold 2015 од винаријата „Александровиќ”. Се работи за едно од најдобрите српски вина, купажа од сортите совињон блан, пино блан и рајнски ризлинг, кој веќе има освоено многу значајни меѓународни признанија. Со други зборови, винаријата „Александровиќ“ е прогласена за винарија на годината!
Наградата за најдобро розе беше доделена на „Винаријата Звонко Богдан” за популарното Rose sec 2015, а за најдобро пенливо вино е избрано шардонето Бабарога пенушава на младата винарија „Бјелица” од Нови Сад, додека за најдобро десертно вино беше прогласено Црна Темјаника 2015 на неготинската винарија „Матаљ”.

Беа доделени и признанија за вина од автохтони и новокреирани српски сорти. За најдобро црвено вино беше прогласено прокупецот Experiment на малата винарија „Чокот” од селото Старци, во близина на Александровац, за кое во описот стои дека е „вино полно со срце и карактер, како оние црвени вина од народните песни”. За најдобро бело вино од домашна сорта беше прогласена Morava 2015, на винаријата „Деспотика“ од Шумадија.
За крај, во категоријата Best Buy беше избрано виното Alma Mons 2011 на винаријата „Бело Брдо” од Черевиќ, Фрушка гора.
Се на се, заклучокот е дека српските вина стануваат озбилен конкурент на најдобрите вина од регионот и дека ова е гранката од која Србија во годините кои доаѓаат треба да очекува најголем пораст, како во квалитетот, така и во обемот на производство.

Ова е најверојатно и најдобрата вест за се поголемиот број на домашни љубители на вино.
Покрај виното, расте и популарноста на винските манифестации, а една од нив позната под името Wine Jam, постигна огромна популарност помеѓу младите љубители на вино во градските средини. Ова е и причината поради која е прогласена за најдобра винска манифестација во Србија.

Виното кое преку ноќ стана хит, Bela Freska 2015, кое е нетипична купажа на сиво пино и шардоне, и го најави појавувањето на големата винска сцена на младата винарија „Ѓорѓе” од Банат е најпријатно изненадување за годината што измина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *