Би облекле ли фустан од вино?

Истражувачите од Универзитетот на Западна Австралија откриле начин пијалокот да го претворат во облека. Процесот е многу полесно одошто мислите: ткаенината всушност сама се создава околу телото без да се ткае.

Австралиските научници користеле еден вид непатогени бактерии за да го претворат аклохолот во ткаенина од целулоза така што ја ставале или обвиткувале смесата околу кукла или човечко тело. Материјалот го следи телото и е без рабови.

Тие креирале облека од црно и бело вино и од пивото Ginis, кои при тоа го задржале природниот мирис и боја. Ткаенината е како кал додека е влажна и додека се формира, но кога ќе се исуши прилагодениот материјал е како кожа.

Креаторите први признаваат дека нивниот дизајн има мана. На ткаенината и недостасува флексибилност, проблем е нејзиното облекување и соблекување и мириса на алкохол. Научниците работат на тоа да ги отстранат недостатоците и да ја прилагодат ткаенината за комерцијална употреба.

fustan-napraven-od-vino (1)
Таков текстил во иднина би можел да има многу предности. Нема потреба од шиење, еколошки е и биразградлив е.
Иако овој материјал веројатно нема да се употребува во модата уште извесно време, научниците се надеваат на големо откритие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *