Запознајте ја винаријата „Гоце Делчев – Тиквеш“ Кавадарци

На ова плодна парче земја, каде сонцето ги истура своите зраци, и лозарот со песна и чаша вино ги пречекува гостите од сите страни на светот, после секоја испиена втора, ја раскажува љубовната приказна за лозарот и виното. Слушнете ја оваа прекрасна приказна на винаријата „Гоце Делчев – Тиквеш“ Кавадарци, и запознајте го новиот македонски вински бренд „Вирго“, вино за моментот.
Благодарение пред се на извонредно големата традиција во одгледувањето на виновата лоза, мошне поволните почвено-климатски услови и дугите природни ресурси, ГД Тиквеш бележи повеќе од 60 години традиција во одгледување винова лоза. До 1998 година винаријата беше дел од поранешниот Агрокомбинат Тиквеш, а веќе од 1999 година функционира како самостоен ентитет. Традицијата на континуиран раст и развој продолжува низ годините со инвестирање во винарскиот сектор, односно започување со реализиција на проектот изградба на нова сопствена винарија, ВВМ ГД Тиквеш, во 2013 година.

13220971_1755261518028622_8168337795193440679_n (1)
За кратко време „ГД Тиквеш“ претставува основен белег на пулсирањето на градот на лозата па и пошироко. Традицијата и квалитетот се чуствуваат уште при првиот поглед на недогледните плантажи лозје. Беспрекорниот квалитет на винско и трпезно грозје се негува на 800ха лозови насади. Површините со винова лоза се поделени во шест работни единици, Раец, Шамаци, Љубаш, Трстеник, Сува Гора и Возарци. Големата пространост на која се протегаат, ги карактеризира со меѓусебна различност и уникатно наследство, во вистинската смисла на тероарот.
Винаријата „ГД Тиквеш“ има капацитет за производство на 6,2 милиони литри вино, со тенденција на зголемување до 10 милиони литри во наредните три години. 95% од вкупното производство се однесува на наливно вино за извоз, додека другите 5% е флаширано вино за домашниот пазар.

13962648_1789713367916770_8701460003774165961_n
Винаријата располага со широка палета сорти на грозје од сопствени лозови насади, што овозможува контрола на квалитетот на грозјето и избор на саканата локација. Со применување на прилагоден пристап во одгледувањето на виновата лоза, и обезбедување на соодветен третман и нега на секоја парцела лозје, винаријата настојува да го оддржи континуитетот во квалитетот на грозјето, а со тоа и квалитетот на вината.


„Нашата винарската филозофија е да направиме одлични вина кои ќе ја изразат врвноста на исклучителниот тероар, што природата богато го дарувала на овие простори. Во винската колекција се наоѓаат вина произведени во строго контролирани услови, од внимателно избрани сорти и различни клонови одгледувани на надморска висина од 200 – 450 метри“ – потенцираат од винаријата.

13872972_1781688078719299_8650678925531598076_n

„ГД Тиквеш“ годишно произведува околу 9.500.000 кгр. квалитетно винско грозје. Од година во година се пристапува со практика на зголемување на лозовите насади како и пуштање во производство на нови сорти кои дале значаен резултат во повеќегодишното испитување од страна на стручниот тим на оваа компанија.
„Суштина на нашето работење е верувањето дека создавањето одлични вина е уметност која почнува во лозјето. Нашиот прилагоден пристап во одгледувањето на винова лоза, што значи обезбедување со потребниот третман и нега соодветно на секоја парцела лозје, не наградува за возврат, со најдоброто грозје, а понатаму и со благодетот да направиме одлични вина“ – велат од винаријата.

13872973_1781688102052630_8436809670485237035_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *