Во Ерменија вино се произведува повеќе од 6100 години

Комплетна опрема за произведување на вино стара повеќе од 6100 години, најстара од ваков вид, пронајдена е во пештера во Ерменија.
„Ова е првпат да имаме целосна археолошка слика за производство на вино старо 6100 години“, изјави Георги Арешејн, водач на истражувањето и помошник директор на Археолошкиот институт Котсен на калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес.
Меѓу пронајдените предмети е кошница за грозје, остатоци од грозје, од лоза, примитивна преса, глинен ќуп кој најверојатно се користел за варење, неколку парчиња земјени садови во кои се чувало виното, па и чаша и бокал од кои се пиело виното.
Предметите беа откриени во пештерскиот комплекс во кој во јуни 2010 година беше најден совршено зачуван кожен машки чевел стар 5500 години, досега најстариот чевел на светот.
Пештерите се сместени во длабоката клисура во американската покраина Вајтос Дзор, во близина на границата со Иран и Турција, регион во кој и денеска се произведува квалитетен мерлот, кабернет и шевињон.
Староста на пронајдените предмети е потврдена со радиокарбонски метод.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *