Го пробавте ли златното македонско вино?

Знаете ли дека виното „Златна Темјаника“ на винарницата „Камник“ содржи 24 каратно злато? Всушност, станува збор за премиум суво бело вино добиено од одбрани гроздови од сортата „темјаника“, со карактеристики и привлечност кои се потенцираат со ливчињата од вистинско 24-каратно злато додадено во самото вино. Иако присутни во количина помала од една десетина од грам, сјајот на дискретните златни ливчиња ја истакнува нишката на екстраваганција кај оваа Темјаника.
„Ова вино претставува прв ваков производ на нашиот, па и поширокиот пазар во регионот. Сакаме да истакнеме дека и покрај луксузниот додаток од 24-каратно злато, цена е сепак сосема достапна за локалниот и странски пазар. Во врска со самото злато, тоа е антиалергиско, сосема безбедно, наменето за конзумација и употреба во гастрономијата, без никакво влијание на вкусот и мирисот на самото вино“ објаснуваат од винарницата „Камник“.
„Златна Темјаника“, освен со својот ултрасофистициран, нежно-сјаен изглед, се одликува и со мирис кој е елегантен и сензуален, со комплексни овошни ароми на сува кајсија и кора од портокал и дискретни зачински поттонови. Вкусот е средно полн, избалансиран, со хармонична свежина и овошно-зачински ноти.
Станува збор за производ со кој го доближуваме виното до уметноста истовремено комбинирајќи ги квалитативната и визуелната димензија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *