Сребрени медали за шардонето на „Стоби“ и „Тиквеш“

Шардонеата на македонските винарии „Стоби“ и „Тиквеш“ добија сребрени медали на дваесет и четвртиот Интернационален натпревар на најдобрите вина од сортата „шардоне“ во светот кој се одржа во Франција.
Вината „Шардоне“ од бербата од 2015 година на винаријата „Стоби“ и „Шардоне спешл селекшн“ на Тиквеш од бербата 2016 добија сребрени медали на натпреварот на кој беа оценувани 706 примероци од 38 земји, меѓу кои и од Јужна Африка, Австралија, Австрија, Канада, Чиле, Шпанија итн, а победниците беа избрани од страна на 300 вински стручњаци.
Иако претходно објавивме дека виното на „Стоби“ доби златен медал, денес од македонската винарија доставија известување во кое тие се извинија за ненамерниот пропуст во претходната информација, потенцирајќи дека винаријата досега има добиено голем број на интернационални награди и нема потреба да ја извртува вистината.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *