Отворена првата винотека на винаријата „Гоце Делчев – Тиквеш“

И покрај 22 години медиумски стаж, секогаш кога треба да пишувам за настан кој е силно поврзан со нашиот град, поднебје, нашата култура и традиција, не успевам лесно да се справам со помислата дали ќе ги одберам вистинските зборови. Уште потешко ми е, кога знам дека сум поминал време опкружен со прекрасни луѓе кои се грижат за виновата лоза, и од грозјето кое го зрее македонското сонце создаваат уметност преточена во шише извонредно вино за крајот на нашиот, но и на денот на сите овие луѓе кои денес и во годините идни ќе влезат во винотеката на Гоце Делчев Тиквеш биде совршен.

17425954_1889203291301110_5385254090469877413_n
Но, за да бидеме горди на она што го имаме денес, едноставно мораме да се потсетуваме на патот кој заеднички го одевме, а кој ни малку не беше лесен. Минувајќи низ транзиционите периоди, винаријата „Гоце Делчев – Тиквеш“ покажа дека и целосно македонска компанија, со македонски капитал, знаење и искуство може да биде успешна во светот на виното, за потоа, полека, но сосем сигурно, ненаметливо да го гради својот бренд, за денес, да биде препознатлив и сериозен играч на винскиот пазар.

17499495_1889203274634445_991255430871903822_n

Со повеќе од 60 години традиција, од кои до 1998 година како дел од поранешниот Агрокомбинат Тиквеш, а веќе од 1999 година и како самостоен ентитет, ВВМ ГД Тиквеш традицијата на континуиран раст и развој ја продолжува со реализиција на проектот за изградба на сопствена винарија, во 2013 година. Традицијата и квалитетот на винското, но и на трпезното грозје се чуствуваат уште при првиот поглед на недогледните плантажи лозје, распространети на површина од 800 хектари во атарите на Раец, Шамаци, Љубаш, Трстеник, Сува Гора и Возарци. Во моментов, винаријата „ГД Тиквеш“ има капацитет за производство на 6,2 милиони литри вино, со тенденција на зголемување до 10 милиони литри во наредните три години. 95% од вкупното производство се однесува на наливно вино за извоз, додека другите 5% е флаширано вино за домашниот пазар.

17425939_1889203317967774_8472176645435776370_n
Веруваме, дека во наредните години овие бројки значително ќе се променат, и процентот на флаширано вино од година во година ќе се зголемува, а еден од чекорите за остварување на оваа идеа е и отварањето на првата винотека на винаријата „Гоце Делчев Тиквеш“.

17458206_1889203331301106_8003175428593036428_n

Спојувајќи ја сопствената филозофија за производство на одлични вина кои ќе ја изразат врвноста на исклучителниот тероар, што природата богато го дарувала на овие простори, со желбата овие вина да бидат поблиску до консументите, ја иницира изградбата и отварањето на винотеката која ќе ја раскаже приказната за винаријата Гоце Делчев Тиквеш, за дедовиот аманет и љубовта, споени со модерната технологија.

17424877_1889203337967772_3422350950040863990_n

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *