Италијанско правило број 1: Не пијте вино за да се опиете

Италија важи за прекрасна земја со богата култура, топол народ, висока мода, вкусна храна и врвни вина. Кој не би сакал да живее на такво место?! Италијанскиот начин на живот нуди голем број мудрости кои сите луѓе би требало да ги применат во нивното секојдневие. Ова се 8-те значајни лекции што можеме да ги научиме од гласните и зборлести Италијанци…
1. Не треба да пиете вино за да се опиете

Виното е прекрасно. Но, ако претерате со пиење, особено во јавност, нема да оставите најдобар впечаток за себе. Иако можеби ќе паднете во искушение да нарачате еден литар добро и евтино вино во италијански ресторан, најдобро би било да се воздржите. И покрај тоа што можете да се шетате по улиците на Рим со пиво во рака, не правете го тоа!

2. Секогаш облекувајте се убаво кога сте во јавност

Со други зборови, во модерното општество нема место за хеланки и несредена пунџа. Италијанската филозофија гласи дека животот е поубав кога изгледате убаво. Секогаш одбирајте квалитет, а не квантитет кога станува збор за облеката. Купувајте ги само најдобрите парчиња и водете грижа за нив. Чевлите се исто така многу важни. Тие треба да се модерни, чисти и практични. Во превод: Заборавете на апостолките!

3. Никогаш не излегувајте од дома со мокра коса

Исто така, немојте да одите боси и облекувајте се убаво кога времето е поладно. Во спротивно, ќе добиете силна болка во вратот која Италијанците ја одбегнуваат по секоја цена.

4. Природната клима ни е пријател

Клима уредите се причинители на болки во вратот, кои како што веќе кажавме се најголемите непријатели на Италијанците. Колку и да е топло надвор, Италијанците секогаш попрво ќе се разладат со вентилатор отколку со клима уред. Уште подобро е ако отидете до брегот на Медитеранот. Освен тоа, многу тешко ќе најдете коцки мраз во Италија. Нивните пијалаци се служат на собна температура.

5. Тестенините не дебелеат

Прејадувањето дебелее. За разлика од Американците, Италијанците воопшто не се плашат од белите јаглехидрати. Тие не го одбегнуваат глутенот и јадат сѐ: Пица, паста, бел леб… Но, оброците не им се огромни и јадат побавно. Како последица од тоа, луѓето со прекумерна тежина се многу ретки во Италија.

8 животни лекции што можеме да ги научиме од Италијанците

6. Пијалаците припаѓаат во вистински чаши

И храната припаѓа во вистински чинии. Покрај повременото парче пица, американскиот концепт „храна и кафе за носење“ едноставно не поминува кај Италијанците. Јадењето и пиењето се посебни пригоди во Италија и треба да се почитуваат, а тоа нема да го направите ако пиете кафе од хартиена или пластична чаша.

7. Салатата не е вечера

Вечера не се ниту сендвичот ниту, не дај Боже, чинијата житарици со млеко. Со оглед на тоа што јадењето претставува посебна пригода за Италијанците, тие инсистираат на топла и обилна вечера од три оброци. Исто така, во Италија се смета за некултурно доколку чекате сите да бидат послужени за да почнете со јадење. Слободно навалете на храната!

8 животни лекции што можеме да ги научиме од Италијанците

8. Трпението е доблест

Италијанците никогаш не брзаат без разлика дали се работи за јадење, градење врски или одење на одмор. Нивното мото е прво да земете здив па потоа да ги завршите сите обврски. Италијанците не можат да го разберат брзиот живот во постојано движење. Звучи прекрасно, се согласувате? Sì!

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *