ФОТО: Отворена првата винотека на винаријата „Гоце Делчев – Тиквеш“

Седум дена по отворањето на првата винотека на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“. Можеби недоволно време да се сумираат сите впечатоци, да се прераскажат сите преубави моменти, и да се потсети на сите спомени кои остануваат за навек, но сосема доволно да се потврди првичната импресија за уникатноста, ексклузивноста и екстравангантноста на првиот објект од ваков тип на најбрзорастечката македонска винарија.

IMG_2122
И ова не е субјективен коментар, туку генерална оценка на големиот број на гости, пријатели, луѓе од винскиот бизнис, доставувачи, добавувачи, лозари, почитувачи на винската култура и боеми, кои ја имаа привилегијата први да влезат во винотеката на винаријата „Гоце Делчев – Тиквеш“, да го почуствуваат духот на винаријата, но и да ги вкусат вината кои многумина ги оценуваат како совршени.

IMG_2172
Низ денот исполнет со пријатни разговори, вкусна храна и врвно вино не водеше градскиот боем, Душко Стефанов кој со одбрани зборови, но и неколку боемски мисли на свечениот момент му даде една поинаква димензија, по што директорот на винаријата „Гоце Делчев – Тиквеш“, Миле Милев со сечење на црвената лента и официјално го означи почетокот со работа на винотеката.

IMG_0066
Со работно време од 10 до 19 часот, секој ден освен недела, винотеката на винаријата „Гоце Делчев – Тиквеш“ одсега е првиот избор не само на вљубениците во совршеното вино, туку и на сите оние кои знаат и сакаат да подарат многу повеќе од вино. Посетете не на улица „Шишка“ број 2, и уживајте во совршено добрите вина на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“.

 

IMG_0080

IMG_0084

IMG_2102

IMG_2108

IMG_2114

IMG_2115

IMG_2118

IMG_2119

 

IMG_2123

IMG_2124

IMG_2125

IMG_2128

IMG_2135

IMG_2139

IMG_2144

IMG_2146

IMG_2149

 

IMG_2165
IMG_2168

 

IMG_2170

 

IMG_2176

IMG_2206
IMG_2222

IMG_2225

IMG_2230

IMG_2238

IMG_2244

IMG_2263

IMG_2272

IMG_2273

IMG_0013

IMG_0015

IMG_0019

IMG_0026
IMG_0033

 

 

 

 

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *