Фудбалската приказна на винарот од Бордо

Во најголемата светска винска претстолнина се е во знакот на виното, па дури и неговото височество фудбалот. Но, кога ќе спојат двете најголеми страсти, тогаш магијата е волшебна. Ова сигурно била максимата на претседателот на францускиот Бордо, Жан-Луј Трио кој објави дека се повлекува од фудбалот и дека ќе ужива во пензијата во живописниот Шатобелер на Карибите.
Трио по професија е винар, кој се заразил со фудбалот. Продавал вино направено од најдобрите виногради на жирондинските полиња. Својата работа ја сакал премногу, а со својот ангажман ги прославил и им донел светска слава на сортите „Шато Глорија“ и „Шато Сен Пјер“ кои ги промовирал во своите вински замоци.
Сопругата на Жан Луј Трио е ќерка на Мартин Хенри кој бил градоначалник на Сен Жулиен и голем играч во винарскиот бизнис, а бил и претседател на Бордо од 1961 до 1971 година. Токму Хенри му ја всадил љубовта на својот зет Трио за фудбалот иако овој сакал само рагби.
На почетокот на деведесетите години Жан Луј Трио во друштво на таткото на својата сопруга доаѓал во вип ложата на стадионот „Шабан Далма“ и се запознал со идниот градоначалник на Бордо Ален Жопе.

190137-kako-bordo-go-isprati-omileniot-pretsedatel-koj-paleshe-baklji
Со него веднаш организирале „Клуб де Гран Кру“, винарски собир на менаџери и нивните партнери. Трио станал максимално близок со клубот Бордо и влегол во советот на директори. Клубот во тој период стагнирал, екипата испаднала во Лига 2 поради долгови кои стигнале до 45 милиони евра.

Тогашниот претседател Ален Афлелу немал решение и си дал отказ. На негово место во мај 1996 година за претседател бил избран Жал Луи Трио. Љубителот на вино и рагби го понела страста кон фудбалот, и за брзо време го извлекол Бордо од тешка ситуација заедно со еден друг адвокат, Жан-Дидие Ланге.
Се останато е историја. Бордо покрај винска, станува и француска фудбалска престолнина, и клуб кој ќе даде играчи од калиброт на Силвен Вилтор, Лилиан Ласланд, Жоан Мику, Јоан Гуркуф…
Одлуката за повлекување навивачите на Бордо, „Ултрамарин“ ја дочекаа со огромно покривно знаме на кое беа испишани зборовите: „Фала, претседателе“!, заблагодарувајќи му се за осумте трофеи кој Трио ги донел во клупскиот музеј.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *