Велигденски јајца во црвено вино

Одбележувањето на најголемиот христијански празник Велигден долги години наназад излегува надвор од воспоставените норми и граници, особено кога се во прашање велигденските јајца. И годинава милиони домаќинки ќе пробаат да бидат што е можно покреативни во обавувањето на една од најважните велигденски задачи.
А годинава светскиот тренд се кристални јајца фарбани во црвено вино, а како да ги подготвите истите, прочитајте го следниот рецепт.

Потребно е:

5 јајца

500 мл црвено вино, по избор, се препорачува домашно

eдна лажица сол

Подготовка:

Ставете ги јајцата во сад, а црвено вино сипете толку колку да ги прекрие јајцата. Додајте и сол.

Кога виното ќе зоврие, нека продолжи да се варат уште пет минути. Потоа, поклопете го садот и оставете го така од 8 до 12 часа, или да отстојат преку ноќ.

Наутро извадете ги и ставете ги на крпа да се исушат.

Посебно ќе се изненадите кога ќе почнат да светкаат од кристалите кои ги создава виното.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *