Станете дел од клубот Попова Кула Classic

Винаријата Попова Кула од Демир Капија иновативноста и креативноста во својата работа ја демонстира на секое поле, вклучувајќи го и маркетингот и онлајн продажбата.

Од сега, една од најатрактивните и најпосетени македонски винарии Ви нуди ексклузивна можност да станете дел од клубот Попова Кула Classic.

За да станете член на клубот на Попова Кула потребно е да ја посетите веб страната club.popovakula.com.mk и да направите едно купување преку оваа електронска продавница. По извршеното купување автоматски ќе бидете зачленети во Попова Кула Classic клубот што ќе Ви донесе големи попусти не само во наредните купувања преку оваа е-продавница и во продавницата што се наоѓа во рамки на винаријата, туку и на услугите во ресторанот и хотелот на винаријата.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *