Најпознатиот вински монах, Дом Перињон

За шампањот секогаш се зборува многу. Од друга страна, малку се говори за калуѓерот Дом Перињон, кој бил одговорен за рецептурата на овој планетарен пијалак, иако има документи што ја оспоруваат неговата оригиналност.
Дом Перињон бил монах од крајот на 17 и почетокот на 18 век. Бил шеф на визбата во еден манастир блиску до градот Еперне. Во тоа време овој манастир имал свое лозје и произведувал вино.
Слепиот монах Дом Перињон експериментирал со видовите грозје и со нивната ферментација. Така открил дека може да има и втора ферментација што ослободува меурчиња. Прво мислеле дека виното им отишло по ѓаволите. Но, умниот монах успеал ова да го искористи како предност и од меурчињата да направи атракција. Таа атракција се чувала во тајност долго време. Подоцна се направени и подебелото стаклено шише и специјалниот затворач. Шампањското станува меѓународен производ баран низ целиот свет. Интересно е дека под ова име шампањското се продава дури од дваесеттите години.

shapmanj-2

Големата слобода е главното правило во сите фази на созревање на виното. За почит во идентитетот се работи со една постојана шема дефинирана еднаш засекогаш. Дури и со една голтка од шишето се знае дека тоа е ?дом перињон”, а рамнотежата е добивана со барање на чувството и стилот на вкусот кој доаѓал од зборувањата на неговите потрошувачи. А за парадоксот, необичноста, бидејќи овој шампањ е посебен – не е како другите, може да биде и фин и сочен без да се покаже како потежок или многу опивен или лесен за пиење. За да се објасни точната вистина за ова чудесно вино треба да се знае умешноста на соединувањето на голем број голи и пресечени вина (чудото на ДП), благодарение, исто така, на голем број најдобри гроздови од најдобрите лозници. Со голем осет и по цена на оваа селекција на одбирање и една филигранска работна рака, употребена во сите фази на обработка, направија ова вино да е на врвот на најбарани шампањи од сонот повеќе децении.
„Дом перињон“ секако не е најдоброто шампањско, но без сомнение е најпопуларното, најпознатото, најпосакуваното. Него го сакаат и аристократијата и интелектуалните кругови, а да не зборуваме за уметничкиот свет и за светската бизнис-елита. Тој е всушност еден од незаобиколните симболи на моќ, слава, богатство и успех.
Најголеми потрошувачи на овој шампањ се Американците, кои бараат и десетпати повеќе од понудената бројка шишиња, па Англичаните и Французите. Се зборува дека се прават меѓу 2 и 2,5 милиони шишиња годишно од хит-бербата. Денес во Франција и сега може да се најде во продавница шише “дом перињон” од 1999 година по цена од 100 евра и сите се прашуваат колкава ќе биде цената за бербата од 1995, 1996, 1997 година. За прославата на Новата 2002 година “дом перињон” од бербата од 1993 година пушти во продажба нумерирани шишиња “магнум” од 3,2 литра по цена од 1.200 евра. Се разбира, овој шампањ се служи и во првите класи на американските линии, “Сингапур ерлајнс” и, се разбира, “Конкорд”.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *